Додаток во исхраната со MSM(Methylsulfonylmethane) и витамин Ц кој придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.
- Количина: 60 таблети
- Погоден за вегани
- Не содржи глутен, лактоза, гликоза, сол
MSM (Methylsulfonylmethane) органско соединение на сулфур и една од најчестите супстанции што се наоѓаат во организмот и е градежен блок за коските и зглобовите. MSM (Methylsulfonylmethane) обезбедува сулфур кој е потребен за многу различни основни функции во телото. Тој игра важна улога во производството на глукозамин, кој е важен за коските и зглобовите. Глукозамин е природно присутен во коските и 'рскавицата и се смета за градежен блок за зглобовите и' рскавицата.
MSM (Methylsulfonylmethane) во мали количини природно може да се најде во одредени видови на храна - кравјо млеко, некои видови месо, морски плодови, овошје и зеленчук и слично. MSM содржи сулфур, хемиски елемент за кој се знае дека игра улога во многу биолошки процеси. Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата.
Витаминот Ц учествува во нормалната функција на имунолошкиот систем, како и во производството на енергија во организмоти има високо антиоксидативно дејство.
MSM (Methylsulfonylmethane) придонесува за :
- Нормална функција на 'рскавицата, зглобовите и коските.
- Нормално производство на колаген, кератин и еластин.
- Подобрена флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови.
- Помага во олеснување на болка во зглобовите и помага во регенерација на зглобовите.
- Го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите.
- Помага во заштита на клетките од оксидативен стрес (антиоксидативно дејство).
Дозирање: 1 таблета дневно по јадење или како што ќе Ви препорача лекар.
|
Состојки
|
Во сервирање (1 таблета)
|
%ПДВ*
|
|
Витамин Ц (како аскорбинска киселина)
|
80 mg
|
100%
|
|
Метилсулфонил метан (MСM)
|
500 mg
|
**
|
*%ПДВ – Препорачана дневна доза
** - дневна доза не е одредена
Вчитувам...
|
{{business_unit.name}}
Не е достапно
Количините се ограничени
Достапно
Достапно во рок од 3-5 работни дена
|
Достава до дома - 150,00ден
Подигање во продавница
Подигни ја нарачката во избрана продавница.
Повеќе за доставата
Коментари
(0)