- НОВО
- БРЕНДОВИ
Познати брендови
- ПРОТЕИНИ
- СПОРТСКА ИСХРАНА
- ВИТАМИНИ И ЗДРАВЈЕ
- БИО ХРАНА
- АКЦИИ
Сè започна во 2008 година, кога двајца професионални спортисти одлучија своето искуство од светот на спортот да го преточат во нешто поголемо – создавање бренд што менува животи. Така се роди Polleo Sport, изграден врз цврста дисциплина, истрајност и underdog* менталитет.
Брендот кој започна во теретана, денес е симбол на сила, издржливост и стремеж кон извонредност.
Уште од самиот почеток знаевме дека страста не е доволна. Вистинските резултати не се случајност, туку резултат на внимателно осмислен пристап кон тренингот и суплементацијата. Затоа, од првиот ден се потпираме на науката. Инвестиравме во истражувања, соработувавме со водечки научници, нутриционисти и професионални спортисти за да создадеме ефикасни формулации базирани на докази. Секој наш производ има јасна цел: ефикасност, безбедност и транспарентност.
Живееме со уверување дека невозможното не постои – постојат само предизвици што треба да се освојат. Откажувањето никогаш не било опција.
Лавот во нашиот логотип не е случаен избор. Тој е нашата мантра – симбол на храброст, истрајност, борбен дух и сила да ги поместиме границите.
Ние сме лавови со underdog менталитет.
Ние сме Polleo Sport
* Underdog – „аутсајдер“; личност без поддршка и ресурси што ги имаат другите, но која им пркоси на шансите, не прифаќа пораз и своите слабости ги претвора во сила.
Нашата мисија е да инспирираме и мотивираме секого што сака да стане најдобрата верзија од себе – од почетници до професионални спортисти.
Живееме во свет во кој физичката неактивност, лошата исхрана и дебелината стануваат сè поголем проблем. Ние сме тука да го промениме тоа. Да се бориме против тие навики и да покажеме дека постои подобар пат.
Тука сме за оние што штотуку ја започнуваат својата фитнес рутина, но и за оние што решиле да се изборат за себе и да станат подобри, посилни, поистрајни.
Нашиот успех не го мериме со лајкови или признанија. Го мериме со изгубени килограми, истрчани километри, издржани рунди, подигнати тежини и секој завршен тренинг.
Затоа што да се биде фит на лавовски начин е работа.
А лавовите никогаш не одат сами.
Нашата цел е да го разбудиме лавот во тебе – бидејќи со лавовски менталитет, граници не постојат и сè е можно.
Преземи ја апликацијата LeoClub. Уживај во попустите и бесплатните враќања.
Дознај повеќе