За нас

Полео Спорт е најголем специјализиран ланец на трговија со спортска и здрава исхрана за спортисти, рекреативци и луѓе кои се грижат за своето здравје. Во нашите продавници ќе наидете на високо едуциран персонал кое знае и може да ви понуди совети како да живеете активно, како да се храните здраво и да ги постигнете вашите цели брзо и сигурно, независно дали тие се спортски или од личен карактер. Нашето тесно подрачје на специјализација се производи наменети за спортска исхрана и други додатоци во исхрана, кои дополнети со правилен совет од нашите стручни лица стануваат право оружје со кое ќе ги остварите вашите цели.
Им овозможуваме здрава исхрана на спортистите и рекреативците, односно луѓето кои се грижат за своето здравје, како и совети од високо едуцирани луѓе од спортски карактер во сите големи градови.

Нашата мисија

Да ги едуцираме луѓето за тоа колку водењето на активен живот е важно за квалитетно живеење без болести, вишок килограми и комплекси. Да ги едуцираме луѓето дека суплементите не се недозволени средства, туку се тука со цел да помогнат како би го максимилизирале својот труд низ тренинг и балансирана исхрана.
Да ги едуцираме луѓето дека спортскиот дух лежи во секој од нас

Идентитет

Нашето лого е динамично, професионално и константно насочено кон напредок. Исто како и ние.
Нашата маскота Мислав е син лав. Уникатен, модерен и сака да живее квалитетно исто како и нашите потрошувачи.
Награди и признанија

Награди и признанија

QUDAL

Наградата Qudal го означува рангирањето со највисок квалитет во индустријата и може да се додели само на еден бренд во секоја пазарна категорија. Polleo Sport го освои медалот Qudal во категоријата „Продавница за продажба на пијалоци и додатоци во исхраната за спортисти“.

Наградата на Polleo Sport дојде по независна истрага на Меѓународната асоцијација за сертификација ICERTIAS од Швајцарија, која спроведе анкета на репрезентативен примерок на граѓани на Република Хрватска. На анкетното прашање „Наведете го името на давателот или добавувачот на ПИЈАЛАЦИ И ДОДАТОЦИ НА ХРАНА ЗА СПОРТИСТИ И РЕКРЕАТОРИ кој според вашето лично искуство и мислење или искуство и мислење на вашите роднини нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на хрватскиот пазар ?“, најчест одговор меѓу 1.200 испитаници бил Polleo Sport.

Истражувањето е спроведено со методот CAWI - DEEPMA (Computer Assisted Web Interviewing - Deep Mind Awareness), кој го испитува задоволството на корисниците. Поради фактот што потрошувачите директно го потврдија квалитетот на Polleo Sport, ова уште повеќе го зголемува значењето и уникатноста на оваа награда.

Медалите од Qudal може да имаат три, четири или пет ѕвезди. Polleo Sport со гордост истакнува дека е носител на највисокиот ранг од пет ѕвезди, со што дефинитивно е број 1 во својата категорија.

BEST BUY AWARD

Polleo Sport - Best Buy Award

Полео Спорт е носител на наградата Best Buy Award, како најдобар бренд во категоријата спортски пијалоци и додатоци на исхрана на спортисти. Best Buy Award е најпрестижна награда која се доделува на оној бренд кој за најдобра цена нуди и одличен квалитет во одредена категорија.

SUPERBRANDS

Polleo Sport - Superbrands

Меѓународната организација Superbrands е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на бреднирање. Присутна е во 82 држави низ светот, а во 2006 година започнала со работа во Хрватска. Како организација која се темели на идентификација и именување на исклучителни брендови на пазарот, Superbrands ги анализира остварувањата на одредени брендови и ги препоразнава оние кои остваруваат повеќе од својата конкуренција и ги наградува со високо признатиот Superbrands статус. Во петнаесет години постоење Superbrands е препознатлив како мерка на успех на одредени брендови, а самата организација е призната како глобален авторитет за брендирање. Централниот дел на сите програми е независен совет кој се состои од бизнис и маркетинг стручни лица т.е претставници на медиумите. На почетокот на секој програм локалната агенција за истражување составуава попис од брендовите на пазарот и се испраќа на независниот совет чија задача е да ги оцени наведените брендови.  Superbrands го претставуава тој бренд кој нуди значајни, препознатливи, емоционални и  материјални вредности. Superbrands мора да претставува : квалитет, сигурност и уникатност. Полео Спорт со гордост може да каже дека од 2013 година носител е на овој престижен сертификат кој означува квалитет и веродостојност на нашиот бренд.

GREEN SUPERBRANDS

sbg

Green Superbrands е новата ознака која ја доделува Superbrands организацијата. Ознаката Green Superbrands претставува нов и иновативен начин на препорака на брендот на купувачите, кои се се повеќе свесни во поглед на зачувување на животната средина и социјалната одговорност. Преку оваа ознака Superbrands воведува и дополнителен критериум и тоа “Еколошката одговорност”. Green Superbrands може да добијат само брендови со висока еколошка свест. Green Superbrands е награда на фирми кои покажуваат висока еколошка совест и се грижат за околината и само тие фирми  го заслужуваат ова зелено признание, а Полео Спорт е од 2013 година помеѓу избраниците на Green Superbrands.

BISNODE AAA

Зошто е важно да се добие сертификат за квалитет? Пред се ова признание за совршеност е потврда на долгогодишна системска и квалитетна работа која добитниците на оваа награда ја рангираат како врв на домашната економија, заедно со компании од Европска унија, бидејки и тие го применуваат истиот ригорозен и докажан критериум. Сертификацијата на компании е долгогодишна меѓународна практика со која носителите на сертификатите осигуруваат углед и предност при избор во однос на другите фирми кои се занимаваат во нивната област на работа. Воедно нивните клиенти или пак партнери гледаат сигурност во соработка како од финансиска перспектива така и од перспектива на одговорност при вршење на работата.
Поседувањето на Сертификат за квалитет е многу важно во практичната примена при докажување на својот квалитет и конкурентноста на акционери и потенцијални партнери. Полео Спорт во 2013 и 2014 година е награден со овој сертификат.

НИЕ СМЕ ПОЛЕО СПОРТ, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН И ПРИЗНАТ СИНЏИР  НА ПРОДАВНИЦИ КОЈ НУДИ ДОБРИ СОВЕТИ, ПРОИЗВОДИ И ИСТОМИСЛЕНИЦИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ВАС!

Основни податоци

Ахема Доо

Седиште: Загребска бр 28Б, Скопје

Трансакциона сметка:

ЕДБ; 4030002463696

Комерцијална банка: 300-0000015751-22

Охридска банка: 530-0101016593-28

Халк банка: 270-0570516901-22

Контакт: 078 886 333


E-mail: shop@polleosport.mk
 

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024