Услови за продажба

Овие услови за продажба го дефинираат начинот на нарачување, плаќање, испорака и поврат на средста односно рекламација на роба која е понудена на нашата страна. Добавувач (Продавач) е Поллео Спорт. Купувач е посетител на веб страната, кој избере минимум еден производ, го додаде во кошничката, плати со кредитна картичка, е- банка, или вирман (уплатница) во банка (пошта) и ја испрати нарачката на Продавачот.

Веб страната www.polleosport.mk овозможува продажба на сите производи кои се наоѓаат на страната на Продавачот.

Доколку има два или повеќе акции/промоции во ист период корисниците не може да користат повеќе од една акција при купување на производ/и. Производите кои се на тековна акција не подлежат на поволностите од loyalty програмите. Секој корисник може да купи производ според попустот/акцијата која тој корисник сака да ја искористи.

Цените на производите на веб страната се со вклучен ДДВ.

Валута е Македонски Денар.

 

Нарачки

Нарачките може да се извршуваат 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Производите се нарачуваат електронски или телефонски на броевите 078 886 333

Доколку Продавачот не е во можност да ги испорача сите наведени артикли, ќе ги испорача само оние кои може, а за рокот на испорака на останатите продукти ќе го информира на купувачот на маил. Купувачот може да ја прифати или откаже испораката на преостанатите артикли. Доколку Купувачот нема е-маил адреса, ќе биде информиран телефонски.

 

Плаќање

Плаќање на жиро сметка

  • Уплата на жиро сметка (интернет банкарство, пошта, банка)
  • Сите цени се иразени во Македонската национална валута, Македонски Денар, со вклучено ДДВ


Кредитни картици

  • American Express, MasterCard, Maestro, Visa, Diners

 

Достава

Превземање на пратка од Карго служба

 

Право на откажување/враќање на производ

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на испратницата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку курирската служба за достава на адресата што ја добивате од нашите продавачи. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот (во зависност од тежината на пратката од 160 мкд до 1000мкд), исклучок е доколку купувачот добил погрешен производ. Во случај на поврат на средства, Поллео Спорт има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво електронски на сметка, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 15 работни дена.

Замените се прават исклучиво онлајн. Праксата на замена на производите продолжува, истите се заменуваат единствено онлајн и не е можна физичка замена во нашите продавници.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075258295, Понеделник - Петок 09-16ч или пак да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата shop@polleosport.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 075258295, Понеделник - Петок 09-16ч или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на shop@polleosport.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024