Вработување

Стани дел од Polleo Sport тимот!

 

Polleo Sport e најголем специјализиран ланец за трговија на спортска  здрава исхрана за спортисти, рекреативци и за луѓе кои се грижат за своето здавје. Нашето тесно подрачје на специјализација се производите за спортска исхрана и други додатоци во исхраната, кои со соодветни и навремени совети од нашиот стручен кадар (нутриционисти, тренери, спортисти) стануваат вистинска алатка за постигнување на вашите цели.

 

Нашата мисија е да ги едуцираме луѓето колку е важен активниот живот за квалитетно живеење без болести, дебелина и комплекси. Да едуцираме дека производите за суплеметација не се „нелегални агенти“, туку се таму за да ви помогнат да ги остварите посакуваните резултати преку обука и исхрана. Досега бевме успешни во нашата цел и секој нов ден го сметаме за можност за уште поголем напредок. Она што нè прави посебни е нашиот напор да ја разбудиме свеста на луѓето за себе, за тоа колку е важно да се грижат за своето здравје, колку е важна правилната и урамнотежена исхрана и им даваме помош како да го постигнат тоа.

 

Важно е да се истакне дека зад успехот на секоја голема компанија стојат нејзините луѓе. Така, ние во Polleo Sport можеме да кажеме дека сме добри само како и луѓето што ги вработуваме. Функционираме како тим, но посветуваме големо внимание на поединците кои го сочинуваат тој тим. Polleo Sport е семејство на разновидни, но и посветени поединци кои ги комбинираат своите уникатни таленти за да им помогнат на другите да живеат подобар живот. Нам ни е важно секој поединечен член на тимот да функционира како и целината, а ние се стремиме да го овозможиме тоа преку постојано образование, обука и отворање можности за напредување. Нашите вработени ги избираме исклучиво врз основа на квалитетите и способностите што ги покажуваат, како и нивната мотивација и желба за работа. Со гордост можеме да кажеме дека во нашиот досегашен раст и развој составивме исклучителен тим од амбициозни и млади експерти со кои заедно ја реализираме нашата визија.

 

Ако се сметате себеси за личност која сака да направи позитивни промени во животот на луѓето, кариерата во Polleo Sport е местото за вас. Без разлика дали се работи за нашите продавници, канцеларии или дистрибуција, вие ќе бидете важен член кој придонесува и за нашиот успех и раст и за подобро живеење на луѓето околу вас. Во секое време, можете да ја испратите вашата биографија до нашата база на податоци за потенцијални вработени на нашата e-mail адреса sales@polleosport.mk

 

 

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024