Трите најважни аминокиселини за нас се амино киселините со разгранет ланец (Branched-Chain Amino Acid) или BCAA. Тие се составен дел на новите мускули, што значи дека се исклучително важни за тренирање и напредок во растот на мускулната маса. BCAA се комбинација од три амино киселини: леуцин, изолеуцин и валин. Овие три амино киселини сочинуваат до 1/3 од сите амино киселини во мускулното ткиво. Во природата најчесто ги среќаваме во месото, сојата, јајцата, сирењето и рибата.
Нашето тело не може самостојно да произведе BCAA, па затоа мора да ги внесуваме преку исхрана или суплементација, а тука доаѓа Polleo Sport. Затоа, без разлика дали целта е да се губи телесната тежина, да се зајакнат или да се изградат мускули, нашите BCAA додатоци можат да ви помогнат да ги постигнете посакуваните цели. Погледнете ја нашата понуда и одберете нешто од докажаните светски брендови.