Стимуланси за енергија

Енергетските стимуланси помагаат во борбата против заморот, ја зголемуваат физичката издржливост и сила и влијаат на расположението. Еден од главните претставници на оваа категорија е кофеинот. Дејствува на централниот нервен систем (ЦНС) со зголемување на концентрацијата, будноста, менталниот фокус, па го користат не само спортистите, туку и студентите, учениците, работниците... Исто така, кофеинот малку го подигнува расположението и дозволува повеќе кислород да се доставува до мускулите, со што се зголемува издржливоста и се елиминира заморот. Кофеинот го забрзува базалниот метаболизам и го зголемува метаболизмот на масните киселини, а со тоа ги заштедува резервите на гликоген во мускулите. Колку подолго се зема, телото станува поотпорно, па затоа се потребни поголеми количини. Многу брзо навлегува во системот и крвотокот и е посоодветен за кратки тренинзи за сила, експлозивност или за брзо будење. Прекумерната количина на кофеин може да предизвика и негативни последици: несоница, тремор, возбуда, депресија, главоболка, проблеми со варење. Кофеинот е и силен диуретик, па постои ризик од дехидрација. Бидејќи го забрзува срцето и го зголемува крвниот притисок, не се препорачува за луѓе со висок крвен притисок.

Заедно со кофеинот, гуарана е најкористениот стимуланс. Активната супстанција гауранин ги има истите ефекти како и кофеинот: ја зголемува концентрацијата, будноста, малку го подига расположението и издржливоста, го намалува заморот и го забрзува метаболизмот. Разликата е во тоа што побавно се апсорбира во крвотокот, па има порамномерно, пријатно чувство, а има и подолготраен ефект. Посоодветна е за учење, подолги активности, како трчање, возење велосипед, пешачење, долгорочно возење...

Филтрирај
Цена
Распон: 740 ден - 2390 ден
Бренд
Вкус
Волумен/Грамажа
Не содржи
Пакување

Leovital

2.390ден

Бесплатна достава

Leovital

1.280ден



Leovital

1.195ден



Leovital

955ден



Optimum Nutrition

2.290ден

Бесплатна достава

Scitec Nutrition

760ден


-25%
Thermo-X, 100 капсули

Scitec Nutrition
990ден
740ден


НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024