Цена

3.500ден
Во цените е вклучен и ДДВ
Бесплатна достава

{{business_unit.name}} Не е достапно {{business_unit.name}} Количините се ограничени {{business_unit.name}} Достапно {{business_unit.name}} Достапно во рок од 3-5 работни дена

NO Xplode 3.0 1000 g

  • Експлозивна енергија
  • Зголемена издржливост
  • Максимални перформанси
  • Фокус, сила

Оригинален производ за пред вежбање. Редизајниран.

Во 2004 година BSN засекогаш ја менува целата понуда на додатоци во исхраната со претставувањето на својот прв комплетен производ за пред вежбање N.O. – XPLODE. Експертите на BSN напорно работеа изминатите години со цел повторно да понудат нова генерација на производи за пред вежбање.  Отидовме и чекор подалеку и го подобривме вкусот, потврдувајќи ги нашите ветувања за N.O. – XPLODE дека ќе има одличен вкус и лесна растворливост. Со оглед на подобрата концентрација на самата формула (дозерката е смалена за 17%) напредната технологија на состојките, N.O. – XPLODE е редизајниран да ви помогне да ги преминете вашите претходни граници.

Издигнете се себеси и вашиот тренинг на потполно ново ниво.

Како N.O. – XPLODE ќе го подобри мојот тренинг?

За постигнување максимални ефекти при вежбање, менталната и физичката сила мораат да бидат на највисоко ниво. Потребно е да се има фокус за енергијата која ги поврзува мускулите и мозокот. Оваа поврзаност помеѓу мозокот и мускулите ќе ви помогне да имате многу поквалитетен тренинг, односно да преминете надвор од вашите граници. Ние во BSN знаеме дека производот за пред вежбање мора да ги има сите овие предности.

Најдобар вкус на N.O.-XPLODE досега

Експертите на BSN знаат како да направат производ кој е ефикасен и воедно има одличен вкус. Тоа знаење го применивме на новиот N.O.-XPLODE и го понудивме во 5 различни вкусови: пунч од овошје (Fruit Punch), сина малина (Blue Raz), лубеница, грејп и јаболка.

Употреба:

Измешајте една дозерка со 2-3дл вода и конзумирајте 20-30 минути пред вежбање. Не се препорачува да се зема повеќе од 2 дозерки дневно.

Дозата содржи околу 200мг кофеин. Кога го подготвувате N.O.-XPLODE немојте да го протресувате во шејкер туку промешајте го со лажица.

Предупредување: Пред употреба на производот консултирајте се со лекар доколку земате лекови или сте под лекарски надзор. Не се препорачува за лица помлади од 18 години, бремени жени или во процес на зачнување, доилки, лица кои се чувствителни на бета-аланин, кофеин и ниацин. Да не се конзумира кофеин од други извори додека се употребува овој производ затоа што премногу кофеин може да предизвика нервоза, иритација, инсомнија и забрзана работа на срцето. Бета-аланинот и ниацинот можат да предизвикаат безопасно кратко трпнење или блесок пред очите.

Да не се меша со алкохол. Да се конзумира како додаток на избалансирана, спортска исхрана и програма за вежбање. Да се пијат најмалку 3 литри вода дневно. Вежбањето може да ја зголеми потребата за внесување на течности. Да се чува надвор од дофат на деца. Да се чува на суво и ладно место без директна изложеност на сончева светлина.


Состав:

Нутритивна табела - 1 дозерка: 20 g (PU* %)

 

Витамин Ц - 75 mg (93,5 %)

Креатин монохидрат - 1,7 g

Витамин Д - 2,3 µg (46 %)

Креатин - 1,5 g

Витамин Б1 - 1,75 mg (159,5 %)

Бета - Аланин (како Carnosyn®)-  1,3 g

Ниаци - 7 mg (43 %)

Инозитол - 0,95 g

Витмаин Б6- 1,75 mg (125,5 %)

Колин - 200 mg

Фолна Киселина - 168 µg (84 %)

Бетаин - 0,75 g

Витамин Б12 - 1,05 µg (41,5 %)

Кофеин - 150 mg

Пантотенска киселина -5,5 mg (89 %)

Биофлавоноиди од грозје - 25 mg

Магнезиум - 123,5 mg (33 %)

Екстракт  од семе од грозје - 45 mg

Аминокиселини - 5,5 g
Л - Аргинин 3,0 g
Л - Лизин 0,95 g
Глицин 0,5 g
Н - Ацетил Л - Тирозин 0,5 g
Таурин 0,5 g
Л - Фениланин 80 mg

Екстракт од индиска космуѕа - 37,5 mg
Екстракт од црна пиперка - 5 mg


Други состојки: Природни и вештачки засладувачи, лимонска киселина, јаболкова киселина, калциум силикат, силициум диоксид, сукралоза, ацесулфам калиум

ИНФОРМАЦИИ ЗА АЛЕРГЕНИ: Содржи состојки од млеко. Произведено во капацитети кои преработуваат глутен, соја, кикиритки, јаткасти плодови и јајца.

Пакување: 1000г

Коментирајте и оценете го производот

ДА НЕ
Вашата е-пошта нема да биде објавена и ќе се користи само за одговор на вашиот коментар.

Поврзани производи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024