Протеин од грашок

Протеинот од грашок е преполн со енергија која го заслужува вашето внимание, особено ако страдате од алергии или сте чувствителни на одредена храна!

Органскиот протеин од грашок во прав содржи преку 80% протеин во својот нутритивен состав, кој може да ви помогне да ги обновите вашите мускули после вежбање. Протеинот од грашок е добра алтернатива за луѓето кои се на веганска исхрана, нетолерантни на млеко и млечни производи, како и за оние кои се алергични на соја. Протеинот од грашок е целосен протеин, што значи дека ги содржи сите 9 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и BCAA амино киселините, кои се неопходни за градење на мускулите. Исто така, има ниска содржина на масти и содржи високи дози на железо по порција. Сепак, треба да се има предвид дека железото од растителни извори е помалку употребливо од железото од животинско потекло, а за подобро искористување на железото, протеините од грашокот треба да се комбинираат со храна богата со витамин Ц.

Процесот на добивање протеин од грашок е природен процес кој бара чистење, концентрација, сушење и мелење во прав. Протеинот од грашок има ниска содржина на јаглени хидрати, па затоа е погоден за луѓе кои треба да го намалат гликемискиот индекс во крвта. Лесно се вари, има пријатен вкус и многу добар сооднос на разгранети синџири на амино киселини и пробиотици. Ако вежбате редовно, протеинот од грашок ќе ви обезбеди енергетски поттик пред тренинг и ќе овозможи подобро закрепнување на мускулите после тренинг. Протеинот од грашок може да помогне и при губење на тежината со намалување на нивото на грелин, хормон кој го стимулира гладот.

Филтрирај
Цена
Распон: 820 ден - 820 ден
Бренд
Волумен/Грамажа

Numbers Are Good

820ден


НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024