Цена

3.800ден
Во цените е вклучен и ДДВ
Бесплатна достава

{{business_unit.name}} Не е достапно {{business_unit.name}} Количините се ограничени {{business_unit.name}} Достапно {{business_unit.name}} Достапно во рок од 3-5 работни дена

CH ALPHA OSTEO

До околу 30-тата година, телото собира повеќе коскени материи отколку што губи. Во подоцнежните години, преовладуваат процесите на деградација.

Во исто време, коскеното ткиво сè повеќе опаѓа. Колагенот е основна компонента на ова ткиво, а исто така и скеле за калциум.

Овој производи содржи специјален биоактивен колаген пептид FORTIBONE®, кој го стимулира метаболизмот на коските и промовира минерализација на коските. CH-Alpha® OSTEO ги комбинира ефектите на колаген, калциум и витамин Д во еден единствен производ.

FORTIBONE® – ОНА ШТО НЕДОСТАСУВА ВО ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА КОСКИТЕ!

На коските им е потребно повеќе од калциум.

Суплементите со калциум ги има насекаде, но сепак се повеќе и повеќе луѓе страдаат од остеопороза и остеопенија.Коската е мешавина на минерални кристали содржани во колагенскиот матрикс. Сами по себе, кристалите се екстремно кршливи.

Исто како мостовите што се градат од бетон и челик, колагенот во коските е есенцијален за еластичност и флексибилност на коските. Многу е важно скелетниот систем да се одржува здрав.

Остеопорозата е состојба што се карактеризира со ниска коскена маса и микро-архитектонско пропаѓање на коскеното ткиво, што доведува до зголемување на кршливоста на коските и следствено, на висок ризик од фрактури.

Остеопенија, пак, како претходна, рана фаза на остеопороза, може да започне уште на возраст од 35 години, кога коскената маса прогресивно се намалува. Можноста од фрактури се зголемува со зголемување на возраста. Ризикот од здобивање со фрактура на коските се дуплира на секои десет години за двата пола.

FORTIBONE® ја стимулира синтезата на колагенскиот матрикс на коската.

Специфичните пептиди на FORTIBONE® ги стимулираат клетките на коската да ја зголемат синтезата на компонентите на коската, како што е колагенот.

Пептидите имаат еден вид на “ефект на сигнализирање“ на остеобластите да ја балансираат деградацијата на колагенот во екстрацелуларниот матрикс на коските, што е основа на минерализацијата на коските.

Дополнително, FORTIBONE® влијае на дегенеративниот процес што се одвива во коските, со тоа што ја намалува активноста на остеокластот. Резултат на тоа е значително повисока синтеза на колагенскиот матрикс на коската.

Клинички докажано дека го подобрува здравјето на коската.

Поединечни, перспективни, студии по принцип на случаен избор, плацебо-контролирани и двојно-слепи студии го покажаа потенцијалот на FORTIBONE®.

Во период од 12 месеци, 180 жени со редуцирана коскена маса учествуваа во терапија со дневна доза од 5 грама FORTIBONE® или плацебо. Беа измерени промените во дензитетот (густината) на коските во ‘рбетот и вратот на бутната коска, кај пациенти, со помош на DЕXA скенери.

Конзумирањето на FORTIBONE® покажа значителни промени во густината, дензитетот на коската.

Резултатите покажаа видливо покачување на минералната густина на коската, откако беше воведен FORTIBONE® како суплемент кај жени кои патат од остеопенија и остеопороза.Резултатите индицираат на анаболички ефект.

30 Кесички

Употреба: Една кесичка на ден растворете ја во 100мл вода и добро промешајте.

FORTIBONE® е најдобра опција за намалување на дегенерацијата на коските.

Коментирајте и оценете го производот

ДА НЕ
Вашата е-пошта нема да биде објавена и ќе се користи само за одговор на вашиот коментар.

Поврзани производи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024