Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на испратницата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку курирската служба за достава на адресата што ја добивате од нашите продавачи. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот (во зависност од тежината на пратката од 160 мкд до 1000мкд), исклучок е доколку купувачот добил погрешен производ. Во случај на поврат на средства, ПоллеоСпорт има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво електронски на сметка, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 15 работни дена.
Замените се прават исклучиво онлајн. Праксата на замена на производите продолжува, истите се заменуваат единствено онлајн и не е можна физичка замена во нашите продавници. 
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075258295, Понеделник - Петок 09-16ч или пак да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата shop@polleosport.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на  075258295, Понеделник - Петок 09-16ч или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на shop@polleosport.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.