Телефонски нарачки - достава преку карго
Блеснете надвор од вашата комфорна зона! Никогаш не било
полесно да се биде храбар и да излезеш од комфорната зона! Поради својот
висококвалитетен материјал, едноставниот дизајн и впечатливата боја, спортскиот
градник Tori е се што и е потребно на една смела, самосвесна и самоуверена
жена! Можете да го комбинирате со класична облека што ќе го направи нослив
надвор од теретана. Јапонски принт и неонска боја само за најхрабрите. Изработен
од висококвалитетен француски материјал, спортскиот градник Tori и овозможува
на кожата слободно да дише. Има едноставен крој, што го прави одлична поддршка
за време на вежбање и други забавни активности. Во неонско зелена боја и со
интересен јапонски принт, овој спортски градник ќе биде вашето ново омилено
стејтмент парче во кое ќе се истакнете каде и да се појавите!
Карактеристики:
Мускулна поддршка
Испуштање на влага
Обликување
УВ заштита 50+
Материјал: 74% полиамид, 26% еластин / Поставата: 90%
полиамид, 10% еластин
Нашиот модел носи големина S, а неговите мерки се:
Висина: 170 см
Обем на градите: 85 см
Обем на половината: 68 см
Обем на колкови: 97 см