Ракавиците за фитнес или теретана станаа составен дел од опремата што ја носиме со нас на тренинг. Нивната главна цел е да ги заштитат рацете од гребаници и да спречат создавање на плускавци, но и да ја апсорбираат потта од дланките, со цел да се обезбеди сигурно и добро држење. Добар, цврст и сигурен стисок е неопходен кога работите со опрема, а особено кога вежбате со поголеми тежини. Во понудата најдете најразлични модели, со или без прсти, со или без траки за зглоб, со кои дополнително ќе го зацврстите зглобот на раката, што на крајот ќе резултира со подобра изведба на движењата и намалување на можноста за повреда. За припадничките на понежниот пол, постојат модели од фенси колекцијата на Zoe или едноставно изберете го вашиот омилен херој на DC Comics, бидејќи ние сме носители на лиценцата на Warner bros.