Формулите за пред вежбање се патентирани мешавини од неколку состојки, кои ни помагаат да ја подобриме издржливоста, силата, менталниот фокус или циркулацијата на крвта, се со цел подобар и полесен тренинг. Овие производи ги земаме непосредно пред самиот тренинг или активност, кога треба да се стимулираме себеси и телото затоа што сме премногу уморни, немаме волја или фокус.
Најчестите компоненти:
● Креатин – за сила, хидратација на клетките
● Бета аланин – за нормализирање на PH рамнотежата во мускулите, спроводливост на нервите и издржливост
● Аргинин – за подобaр „pump“ на крвта и помош при анаболизам на телесните протеини
● Кофеин / Гуарана – стимулатор на централниот нервен систем и за зголемување на фокусот и будноста
● Цитрулин малат - стимулатор на максимална енергија и брзо закрепнување
● Таурин – „засилувач“ на други компоненти, ја зголемува мускулната контракција (нервна спроводливост и пренос на нервните импулси), помага во снабдувањето на мускулите со гликоза
● Витамини и минерали, амино киселини, растителни екстракти кои влијаат на анаболизмот, стимулирање на производството на хормони...
Секој preworkout производ има различен состав или сооднос на слични состојки, така што некои немаат кофеин, додека некои немаат креатин. Важно е да се биде внимателен пред консумацијата доколку некому му пречи некоја од наведените компоненти во составот.