Креатинот е природна супстанца која нашето тело ја произведува како извор на енергија за мускулите. Во најголема количина го произведува црниот дроб, но и панкреасот и бубрезите. Најдобар природен извор на креатин е црвеното месо, но за да го снабдите организмот со доволно количество креатин, би требало да внесувате огромни количества месо, а со тоа и многу масти, па многу подобар и поедноставен избор е креатин во форма на додаток.
Креатинот ја зголемува силата, експлозивноста и издржливоста на мускулните влакна. Зголемувањето на силата може да се движи од 0-20%, од личност до личност, а кај 10% од луѓето нема да произведе никакво зголемување во силата. Значи, креатинот не ја зголемува мускулната маса, туку мускулната издржливост! Креатинот внесува течност во мускулите, односно го волуменизира, а најважната улога на креатинот е што овозможува побрзо обновување на АТП (основниот извор на енергија за мускулните клетки).