Зошто протеини без вкус?
Клиентите кои ја земаат верзија на протеин од сурутка без вкус сакаат да ги избегнат вештачките адитиви - вкусови, бои и засладувачи (сукралоза, ацесулфам калиум, аспартам итн.) и на тој начин да му обезбедат на телото што е можно поприродна форма на протеин.
Безвкусната форма на протеин е исто така најчистата форма на производ од оваа линија на производи. Боите, вкусовите и засладувачите ја намалуваат концентрацијата на протеини во производот за 3-5%. Кај полошите и помалку квалитетни производители, овој процент оди и до 8%, што значително го намалува квалитетот на дисперзија (мешање) на прашок и течност, па често добивате оброк полн со грутки. Производите од оваа категорија сè уште имаат висока биолошка вредност и висок процент на амино киселини.
Протеините без вкус се идеални за рецепти, бидејќи се неутрални (природни) - по вкус се најслични со млекото во прав, па нема да го расипат вкусот на друга состојка која е во фокусот на тој рецепт.