1.1. Наградната игра (во понатамошниот текст “наградна игра”), ќе биде организирана од страна на АХЕМА ДОО Скопје со седиште на бул.,,Загребска 28 б„ во Скопје, Република Македонија (во понатамошниот текст „организатор“).
1.2. Наградната игра ќе се спроведува во согласност со одредбите на овие правила, кои се задолжителни за сите учесници во наградната игра.
1.3. Со учество во наградната игра , учесниците ги прифаќаат одредбите на овие правила.
1.4. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата https://polleosport.mk/ пред почетокот на наградната игра.
1.6. Наградната игра се организира со цел рекламирање на производите од асортиманот на POLLEO SPORT
2.1. Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Македонија.
2.2. Наградната игра ќе трае до _________
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Македонија (во понатамошниот текст “учесници”), кои ги прифаќаат термините и условите на овие правила.
Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.
Вработените кај организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.
Со доставување на фотографија учесниците се согласни со условите за учество наведени во правилникот
4.1. За да учествува во наградната игра, секое заинтересирано полнолетно физичко лице кое има право на учество во наградната игра, за времетраењето на наградната игра треба да ги исполни условите наведени на постот каде што се објавува наградната игра
Во случај на давање на неточни податоци, учесниците во наградната игра ја сносат целосната одговорност за истиот чин.
4.2. Извлекувањето на добитниците ќе се одвива компјутерски, по методот на случаен избор.
Објавувањето на победниот ќе се објави на нашите социјални мрежи Инстаграм и ФБ
4.3. Контрола на извлекувањето на добитниците на наградите ќе врши Комисија составена од три члена.
4.4. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната https://polleosport.mk/
Личните податоци како што се , име и презиме, телефонски број, емаил адреса и фотографија се користат единствено за целта на реализација на наградната игра и организаторот на играта нема да ги користи за ниту една друга цел .
До овие податоци пристап имаат исклучиво овластени лица вработени или ангажирани од страна на организаторот на награндата игра. Истите се чуваат и обработуваат само за потребите и со времетраење до завршувањето на наградната игра. По завршувањето на наградната игра истите ќе се уништат/избришат на соодветен начин.
Награда се пакет производи од асортиманот на PolleoSport
6.1. Добитниците може да ги подигнат наградите во рок од 30 дена
Организаторот на наградната игра е должен на добитникот да му издаде потврда при подигање на наградата.
6.2. Добиените награди не можат да се заменат за пари или да се пренесат на друго лице.
6.3. Сите обврски на Организаторот кон добитниците на наградите завршуваат во моментот кога добитникот ќе ја преземе наградата.
Во случај на виша сила Организаторот има право да ја откаже наградната игра, за што ќе ги извести учесниците во наградната игра преку дневниот печат.
8.1. Во случај на спор помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра, таквиот спор ќе биде решен по спогодбен пат.
8.2. Доколку страните не постигнат взаемно разбирање, настанатите спорови помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Незадоволниот учесник во наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до организаторот на наградната игра, кој е должен да одговори на поднесениот приговор во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот.