Витамини и минерали за срце

Срцето е централен орган на циркулаторниот систем кој го снабдува нашето тело со хранливи материи и кислород. Стресот и неурамнотежената исхрана се најчестите причини за срцеви проблеми и аритмии. За да може нашето срце да работи непречено, потребни му се хранливи материи, пред се калиум, магнезиум, калциум, Б-витамини, фолна киселина, ниацин, коензим Q10 и многу други.

Најважните минерали за работата на срцето се калиумот и магнезиумот. Овие минерали овозможуваат нормален пренос на нервните импулси до мускулите и се неопходни за мускулната контракција. Недостатокот на магнезиум се манифестира со многу симптоми како грчеви во мускулите, тремор, мигрена и аритмија. Витамини неопходни за функционирањето на срцето и здравјето на циркулаторниот систем се витамин Б12, фолна киселина, ниацин и витамин коензим Q10. Витаминот Б12 и фолната киселина се неопходни за разградување на хомоцистеинот, штетна супстанција која се произведува во дигестивниот тракт и може да им наштети на крвните садови. Ниацинот (витамин Б3) и коензимот Q10 ги штитат клетките од оксидација и го стимулираат срцето.

Додатоци во исхраната кои содржат оптимални количини на сите хранливи материи неопходни за нормално срце можат да помогнат во случаи на недостаток на одредени витамини и минерали и да обезбедат нормално функционирање на циркулаторниот систем.

Филтрирај
Цена
Распон: 1159 ден - 1159 ден
Категорија
Бренд
Волумен/Грамажа
Пакување
-16%
All in 1 Multivitamin, 90 tabs

Leovital
1.380ден
1.159ден


НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024