Кофеин и гуарана

Кофеинот и гуарана и острите зачини, како екстрактот од пиперка, го зголемуваат метаболизмот во организмот и го намалуваат апетитот, а со тоа го зголемуваат согорувањето на мастите во телото. Кофеинот ја поттикнува работата на нервниот систем, односно ги подобрува нашите ментални способности, концентрацијата и меморијата. Кофеинот го забрзува чукањето на срцето и дишењето, го зголемува крвниот притисок и влијае на проширувањето на крвните садови. На овој начин се подобрува размената на материи и потрошувачката на енергија во организмот. Кофеинот стимулира различни процеси во телото, како што се липолизата и гликогенолизата, ослободување на масни киселини од масното ткиво, односно ослободување на гликоза од гликогенот. Горенаведените процеси го зголемуваат согорувањето на мастите и потрошувачката на енергија во телото.

Гуараната има многу посилно дејство од кофеинот. Најважната состојка на гуарана е самиот кофеин: процентот на кофеин во прав од гуарана се движи од 0,9% до 7,6%. Гуараната ја поттикнува потрошувачката на енергија во организмот, буди и ја зголемува нашата продуктивност, а ја поттикнува работата на бубрезите, белите дробови и црниот дроб а со тоа и метаболизмот во организмот. Гуараната исто така го стимулира мозокот и ги зголемува нашите ментални способности. Еден од непосредните ефекти на гуарана е тоа што го намалува чувството на глад и на тој начин помага при слабеење.

Филтрирај
Цена
Распон: 760 ден - 2290 ден
Бренд
Вкус
Волумен/Грамажа
Не содржи
Пакување

Leovital

955ден



Scitec Nutrition

760ден



Optimum Nutrition

2.290ден

Бесплатна достава

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024