Hello World! Заштита на податоците Polleo Sport

Заштита на податоците

Изјава за заштита

Оваа изјава на заштита на податоците се однесува на податоците кои се наоѓаат на Интернет страницата Polleosport.mk и кои се добиени со користење на таа страница и се чуваат во базата на податоци на Полео Спорт.

Полео Спорт Македонија во чија сопственост е веб страницата polleosport.mk,  се придржува кон законските прописи со цел на заштита на приватноста на корисникот.

Се упатуваат крајните корисници да го прочитаат текстот во кој е наведен начинот на употреба на оваа страница со цел полесно да разберат како Полео Спорт  ги собира личните податоци на корисниците и како ги користи.

Крајниот корисник кој има било какви прашања во врска со заштита на податоците може да испрати е-мејл порака на адреса polleo@polleosport.mk

Се упатуваат крајните корисници внимателно да ја прочитаат оваа изјава за заштита на лични податоци. Со пристапување или користење на нашата интенет страница, Крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, ги разбрал и дека се согласува со сите услови за заштита на личните податоци податоци и начините на користење на веб страната: Polleosport.mk

Доколку крајниот корисник не се согласува со оваа изјава за заштита на податоци, го упатуваме корисникот да ја напушти страната односно да не пристапува и не ја користи интернет страницата Polleosport.mk

Оваа изјава за заштита на личните податоци Полео Спорт може да ја измени во било кој момент, објавувајки го изменетиот текст на изјавата за заштита на лични податоци во делот “Заштита на лични податоците” на интернет страницата. Измените на изјавата за заштита на личните податоци стапуваат на сила веднаш по нивната објава на интернет страницата Polleosport.mk

Секој Краен корисник е сам одговорен и должен периодично да ја прегледува оваа страница и да ги воочи промените и изјавите во однос на заштита на податоците. Со самото продолжување на користење на оваа страна се подразбира дека крајниот корисник се согласува со измените на “Изјавата за заштита на личните податоци”.

Полео Спорт ги собира информациите кои го идентификувааат Kрајниот корисник. Кога Kрајниот корисник се вклучи во одредени активности на Polleosport.mk, како што е отварање на корисничка сметка, нарачување на производ или услуга, попоплнување на анкета, објавување на коментари, Полео Спорт може од Крајниот Корисник да побара одредени информации за себе како што се име и презиме, адреса, е-маил адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на вашата кредитна картичка, датум на валидност, код за авторизација.т.е други со тоа поврзани информации.

Вклучување и идентификација на активности и давање на лични податоци е одлука на Крајниот корисник. Ако Крајниот корисник не ги обезбеди тие задолжителни податоци за одредени активности нема да му биде дозволено активирање во таа активност.

Полео Спорт нема да ги дели личните податоци од Крајниот корисник со други страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуации кога со пропис е тоа побарано.

Личните податоци Полео Спорт ќе ги користи за праќање и дистрибуција на администратини и промотвни е-мејл пораки, анализа на податоци, обработка на плаќање на кредитни картици. Полео Спорт може да ги сподели личните податоци од Крајниот корисник со фирмата кој врши дистрибуција на производите за исполнување на нарачката, испорака на пакет, праќање на поштенска и е-мејл пошта.

Крајниот корисник има можност да пристапува и да ги измени личните податоци кои и ги дава на Полео Спорт. Крајниот корисник може да врши измени на своите лични податоци со испраќање на е-мејл порака на polleo@polleosport.mk. Во таа е-мејл порака Крајниот корисник треба да ги наведе своето име и презиме, адреса и е-мејл адреса, т.е која информација сака да ја надополни односно измени.

Како услов за купување производи од Polleosport.mk, Полео Спорт од Крајниот корисник бара дозвола да испраќа административни и промотивни е-мејл пораки. Доколку крајниот корисник не сака да ги прима овие пораки во било кој момент по регистрирањето може да се откаже од примање на е-мејл пораки така што ќе ја одбере опцијата откажување на newsletter која се наоѓа на секоја newsletter порака.

Заштита на податоците Полео Спорт ја гледа многу сериозно и превземени се разни мерки на заштита со цел да се заштитат личните податоци. Нажалост, никој пренос на податоци преку интенрет или било која безична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, иако Полео Спорт спроведува комерцијално разумни безбедносни мерки за заштита на податоците не може да се гарантира заштита на било кои информации пренесени на polleosport.mk т.е. не е одговорен за постапките на било која трета страна која таквите информации ги прими.

Малолетници не смеат да ја користат оваа интернет страница. Полео Спорт не собира или задржува било какви информации од било кој кој е помлад од 18 години, и според тоа ни еден дел од овие интенет страници не е дизајниран на начин да привлече некој кој е помлад од 18 години.

Купувајте со доверба

American Express Maestro MasterCard Visa WS Pay SSL secured