Еден од најважните и најзастапени минерали во нашето тело. Претставува основа која им дава сила на нашите коски, нокти и заби и го намалува крвниот притисок. Калциумот е потребен за пренос на сигнали, односно нервни импулси, каде што исто така игра улога во мускулната контракција и учествува во процесот на згрутчување на крвта.
Симптоми на недостаток на калциум се:
● Расипување на коските
● Кревки коски
● Болка во грбот и нозете
● Несоница, раздразливост, депресија
Природни извори на калциум:
● Млеко и млечни производи
● Зеленчук (кељ, брокула, зелка, блитва)
● Мешунките
● Лосос
● Сардини
● Школки
● Овес
Препорачаната доза е 500-1000 mg калциум дневно за луѓе кои имаат дефицит или имаат проблеми со коските (повреда или некој вид на болест поврзана со коските). Превентивните дози на калциум се под 500 mg.