Цена

610ден
Во цените е вклучен и ДДВ

{{business_unit.name}} Не е достапно {{business_unit.name}} Количините се ограничени {{business_unit.name}} Достапно {{business_unit.name}} Достапно во рок од 3-5 работни дена

Chia семе, 750 g

Chia семето претставува супер билка поради исклучително квалитетните хранливи материи кои се среќаваат во неа. Се одгледува во Јужна Америка и тоа илјадници години како основен дел од исхраната на Азтеките и Маите како и во модерното време. Има големи дози на омега 3, влакна и протеини и е полна со долготрајна енергија.

Chia семето има висока концентрација на омега 3 поготово како извор на алфа-липоична-киселина, која е есенцијална масна киселина. Омега 3 масните киселини помагаат во заштита на телото поготово од болести на кардиоваскуларниот систем, срцето и регулирање на холестеролот. Повеќето од нас внесуваме премногу омега 6 масни киселини и премалку омега 3. Нивниот идеален сооднос би бил 1 : 3. Chia како извор на омега 3 не ги содржи штетните состојки кои се наоѓаат во рибата (пр. жива или диоскин) ниту ги содржат и анти нутритивните состојки кои се среќаваат во лененото масло. 

Chia - та е богата и со влакна, антиоксиданси, калциум и протеини. Тоа значи дека чиата содржи повеќе протеини и аминокиселини од останатата зрнеста храна како и голем удел на влкна кои го намалуваат холестеролот, помагаат при дигестија и ве држат сити поголеми временски периоди. Исто така е добар извор и на железо, витамин А, Б3 и магнезиум.

Chia семето се одгледува во Јужна Америка на повеќе од 30 фарми во процес на производство кој е стандардизиран и строго надлгледуван со цел да се обезбеди најдобар квалитет и чистина од 96%. Се сушат на топол воздух, редовно се тестираат и внимателно се следи целиот производен процес вклучувајки ги и потребните обуки за одгледување одбирање на вистинските услови и сл.

Денес Чиа семките се популарни кај спортисти, активни луѓе и луѓе кои внимаваат на своето здравје. Посебно се погодни за спортови на издржливост поради долготрајната енергија која ја обезбедуваат и заштита на мускулатурата која ја нудат благодарение на богатиот аминокиселински профил.

Состав:

Нутритивни вредности                                                              100g
Kcal / kJ 379 kcal / 1584 kJ
Протеини 23 g
Јаглехидрати 40 g
- од кои шеќери 0 g
Масти 31,9 g
- од кои заситени 3,2 g
Влакна 20,87 g
Омега 3 19g
Омега 6 6,4 mg
Фосфор 860 mg

Вредностите знаат да отстапуваат во зависност од суровината

Состојки: Chia семе.

Информации за алергени: Може да содржи траги јаткасти плодови, соја и лушпи.

Пакување:

750 g

Коментирајте и оценете го производот

ДА НЕ
Вашата е-пошта нема да биде објавена и ќе се користи само за одговор на вашиот коментар.

Поврзани производи

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024